Проблемот со пренаселеноста во Пекинг достигна ново ниво па помоќните луѓе започнаа да наоѓаат “креативни” решенија за тоа каде да ги изградат своите вили за да имаат добар поглед.
Иако овие фотографии изгледаат неверојатно новоизградената вила на кровот од една 26 катна зграда во Пекинг сее страв помеѓу луѓето кои живеет во близина и под овој објект.
Сопственикот на вилата е човек познат како “Prof Zhang” кој за медиумите соопштил дека за изградба на овој објект биле потребни скоро 6 години како и голем број вештачки камења, вистински дрвја и патеки на кои била посадена трева и дека во никој случај нема да дозволи неговиот дом да биде отстранет.