Изградбата на градот Ордос во кинеската провинција Внатрешна Монголија започнала пред десетина години. Во градот предвиден за неколку милиони жители денес живеат само 28 илјади луѓе. Но, неодамна била завршена изградбата на голем музеј каков што немаат многу светски метрополи. Градот Ордос во пустината Гоби, кој уште е наречен и кинескиот Дубаи, бил изграден како би се растоварил главниот кинески град.

Така, уште еден од кинеските градови духови останал ненаселен, но не поради економската состојба или загаденоста, туку затоа што луѓето таму едноставно не сакале да живеат. Во него единствено била преселена администрацијата од стариот Ордос. Но, бидејќи неодамна дизајнерската компанија „MAD Architects“ ја завршила изградбата на џиновскиот уметнички музеј, како од научно-фантастичните филмови, се очекува токму тоа да ги привлече луѓето да се доселат таму.