Во првата половина на следната година треба да започне и градбата на патот Охрид – Пештани, информира денес премиерот Никола Груевски.

Новиот пат од Охрид до Пештани е предвидено да се протега во должина од 15 километри  и ширина од 11,4 метри и ќе се гради паралелно со постојниот пат покрај брегот на Охридското езеро.

Како што претходно беше кажано средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Програмата за национални патишта,  за подобрување и осовременување на патиштата низ државата.

OhridNews