Изградбата на мини хидроцентралите на Летничките извори е во завршна фаза. Екипи на градежната фирма „Гранит“ интензивно работат на поставување на 2,7 километри цевковод од старата до новата хидроцентрала. На стрмен терен кој на моменти има агол поголем од 30 степени работниците поставуваат бетонски зацврстувачи, а со механизација се затрупува каналот по кој минува цевководот кој ќе ја спроведува водата од Летничките извори до хидроцентралата на подножјето од „Галичица“.


Изградбата на мини хидроцентралите на Летничките извори во завршна фаза

Петте мини хидроцентрали на Летничките и Беличките извори, кои ќе бидат изградени во јавно приватно партнерство со словенечката компанија „Турбоинститут“ ќе имаат моќност до 1,7 мегавати. Нив по 30 години кога завршува  договорот за јавно приватно партнерство, ќе ги наследи МЈП „Проаква“, на чија сметка годишно ќе легнува 20 отсто од профитот остварен од производство на електрична енергија. Првите количини електрична енергија за пазарот од малите хидроцентрали се очекува да бидат произведени во 2010 година

Г.М.