Доколку има заинтересирани на огласот кој ќе биде објавен по изработката на Физибилити студијата, која е во тек, изградбата на малото пристаниште пред хотел Палас, ќе започне по завршувањето на летната туристичка сезона, информира градоначалникот Никола Бакрачески.

Знаете дека уредувањето ќе се врши по пат на јавно- приватно партнерство или концесионерство, зависно од тоа што ќе покаже студијата, по што ќе се пристапи кон објава на оглас на кој ќе можат да се пријават заинтересираните за изградба на објектот. Тоа ќе биде едно современо, модерно решение кое во изминатата година неколку пати го прикажавме во јавноста. На граѓаните и заинтересираните кои сакаат кејот да го видат уреден им се допадна и се надеваме дека до другата година ќе биде завршена изградбата, вели Бакрачески.

Идниот најповолен понудувач ќе треба целосно да го санира пристаништето кое датира од 1959 година, а ќе може да изгради угостителски објект со кој ќе стопанисува.

Основниот проект за реконструкција на малото пристаниште во Охрид ќе се изработува, врз основа на веќе изготвеното идејно решение на Павлина и Андреј Бандовски и Васко Крстески.

OhridNews