Километарските колони и сообраќајниот метеж кои беа секојдневна слика во шпицот на туристичката сезона и ова лето во Охрид, уште еднаш ја актуелизираа потребата од доизградба на источната магистрала. Идејата која се провлекува со децении предвидува дислоцирање на  магистралата Охрид-Свети Наум над хотелско-угостителските комплекси. Според експертите тоа е неопходно да се направи час поскоро затоа што без модерна сообраќајница кон плажите не може да се смета на развој на туризмот.


сообраќајната инфраструктура во Охрид станува претесна

Во обид да го ублажи проблемот локалната самоуправа деновиве ја започна изградбата на истиочната трансферзала која треба да придонесе за растоварување на сообраќајот на булеварот „Туристичка“. Општината очекува наскоро да започне и изградбата на магистралниот пат Охрид-Свети Наум кој како што информираат оттаму бил ставен во приоритетите на Министерството за транспорт и врски. Грубите проценки говорат дека  за изградба на магистралата до Свети Наум се потребни околу 30 милиони евра.

Ohridnews