Изградбата на коритото од реката Грашница, на најкритичниот дел од бул. „Туристичка“ до улицата „Ариф Мустафа“ се соочува со првите проблеми.

Градежните работи до сега се одвиваа според зацртаната динамика,  но влошувањето на временските прилики не им оди во прилог на работниците. Деновиве тие успеаа да поплочат дел од коритото, поради што  водата од реката е пренасочена во цевководот кој по завршување на градежните работи ќе биде отстранет, бидејќи се покажа како нефункционално решение и причина за минатогодишните поплави.


Според првичните најави на „Нискоградба“ коритото на Грашница треба да биде готово до Нова година, но сега тоа ќе зависи и од временските услови, бидејќи  метеоролозите најавуваат врнежи и пад на дневните температури, што може да ја забави изградбата.



Изградбата на коритото на Грашница – трка со времето

OhridNews
фото: Васко Бујароски