Поради бавната бирократска процедура и несогласувања во институциите постои опасност холандските инвеститори кои се заинтересирани за изградба на хотел во Горица да се повлечат од намерите.
За да отпочне реализацијата на овој проект потребно е да се донесе Деталниот урбанистички план – ДУП за месноста Горица – исток, за што во Советот на општина Охрид нема консензус.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески предупреди дека доколку наскоро не биде донесен посочениот ДУП, постои опасност холандските инвеститори да се повлечат од намерата да инвестираат во Охрид.
Доколку тоа се случи, ќе пропадне инвестиција вредна петнаесетина милиони евра, од што дел на име комуналии директно треба да легнат на буџетската сметка на локалната самоуправа, предупреди Петрески.
ohridnews