Изградбата на хотелот Хилтон во Охрид ќе започне на есен најавува градоначалникот на Охрид Александар Петрески.
Тој на 14 јули со приватниоит авион на г-нот Соралија од Хилтон требаше да лета за Виена на средба со менаџментот на компанијата, но патувањето беше одложено, поради како што рече Петрески проблеми со авионот.
Петрески појасни дека средбата со луѓето од Хилтон ќе се реализира дополнително.
Тој очекува дека изградбата на хотелот Хилтон во Охрид на локацијата кај Горица 3 ќе започне во септември. „Тоа многу значи за развојот на туризмот во Македонија, а посебно на Охрид“, рече Петрески. Индиректно очекуваме голем пораст на туризмот, а директно очекуваме стотина нови вработувања и приход на општината од 3,5 милиони евра, додаде Петрески.
Г. Момироски