Подобар стандард на луѓето, дополнителни нови работни места и приход, подобрување на квалитетот на животот на населението е приоритетот на идната Локална Самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцира на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски.
Тилевски додаде дека општината ќе тежнее кон заложби за економски развој на Охрид и проширување на активностите преку ефикасно користење и распределба на ресурсите за одржлив економски пораст. Како што рече, првичната цел е помош на охриѓани за подобрување на својата социјална и економска положба, квалитетот на живеење според европските и светските стандарди. Во тој контекст, Тилевски најави низа нови проекти. Меѓу нив и проектот за субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место.
– Со оваа мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Исплатата од страна на Општина Охрид врз основа на Заклучок донесен од страна на Комисијата за финансии и буџет при Советот на Општина Охрид, рече Тилевски.
Канддиатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ го најави и проектот за субвенционирање на граѓани со над 50 години при самовработување во социјални активности.
– Проектот има за цел субвенционирано вработување на одредени категории на граѓани кои потешко наоѓаат работа, а посебно повозрасната категорија на граѓани со над 50 години. Истовремено со проектот се помага и она онаа категорија граѓани кои се во тешка социјална состојба и имаат потреба од услуги од типот на чување на деца и на стари и изнемоштени луѓе. Проектот во основа има цел поврзување на овие две категории на граѓани, рече Тилевски.
Тилевски ги најави и проектите за стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци, Основни ИКТ-обуки за граѓани кои би се спроведувале во бесплатни интернет-клубови, Формирање на претриемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица.
– Со овој проект се предвидува формирање на претприемнички инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфрастуктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис. Истовремено би се добивале и техничка поддршка во насока на развој, сметководствени и маркетиншки услуги и програми за едукација и советодавна помош со цел изнаоѓање на финансиски средства преку национални и меѓународни проекти, најави Тилевски.
Изборната програма опфаќа и Субвенции на комунални трошоци за ранливи категории граѓани, Субвенционирање за купување велосипед, Проекти за општокорисна работа преку секторот за туризам и локален економски развој, како и Изградба на центар за бездомници.
OhridNews