Екипите на .Водовод-Охрид деновиве работат на изградба на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Спас Банџов.
Изградба на нова водоводна и канализациона мрежа
Новата водоводна линија ќе биде со должина од 100м, а должината на канализационата мрежа ќе изнесува 200м. Исто така извршенa е и сепарација на атмосферската од фекалната канализација како и преприклучување од старата на новата водоводна и канализациона мрежа, информираат од „Проаква“.