Граѓаните кои од повикувачкиот центар добиле смс пораки дека личните карти им се изготвени, истите ќе можат да ги подигнуваат и во неработен ден, односно во сабота од 08.30 до  20.00 часот, информираат од МВР.


Министерството за внатрешни работи соопшти дека ги ангажирало сите капаците кои ги има на располагање и вложува максимални напори за да им излезе во пресрет на  граѓаните во процесот на замена на личните карти.

Како што е познато, последен рок за аплицирање за замена на старите лични карти со нови е 26-ти февруари 2010 година. МВР најави дека пролонгирање на рокот нема да има.