Предлог – Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања за локалните и претседателските избори, што неодамна го усвои Советот за радиодифузија на Република Македонија од денеска ќе биде достапен за јавноста.

Медиумите, политичките партии и другите заинтересирани субјекти можат да се вклучат во јавната расправа, а нивните забелешки ќе бидат вградени во конечната верзија на правилникот.

Претседателските и локлните избори во Македонија ќе се одржат во март следната година.

Ohridnews