Куќата на Беверли Хилс која е во сопственост на актерот Џек Николсон, и која тој ја издава на своите пријатели, изгорела во пожар во чие гаснење биле повредени двајца пожарникари. Со оглед на тоа што имотот на кој се наоѓала куќата бил далеку од патот и дека било тешко да му се пријде, пожарникарите имале проблем да го угаснат пожарот, па штетата била огромна.


Џек Николсон овој имот го купил во 1973 година, а неодамна го издал на пријателите актери Вилијам Тинан и Вилијам Офарел. Сеуште не е познато дали некој бил во резиденцијата кога избил пожарот, а причината и понатаму се утврдува. Куќата од 120 квадратни метри Џек Николсон ја платил 49 илјади долари, а во своја сопственост има и куќи во Малибу, Венис Бич и Северна Калифорнија.