Продолжува уништувањето на трската во Охридско-струшкиот регион која е природните живеалиште на бројни видови флора и фауна. Последниот случај е регистриран вчера попладне во 17.25 часот во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид.
Опожарена е површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира СВР Охрид.
Во друг случај, вчера, во 13.50 часот, 42-годишен стружанец, при чистење на нива во близина на регионалниот пат Струга-Калишта, го запалил сметот со што предизвикал опожарување на дрвена барака.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, соопшти СВР Охрид.
Г.М.
Фото: Архива