Околу 10 хектари стрништа и балирано сено изгореа во пожарот што синоќа избувна на тромеѓето помеѓу селата Мислешево, Требеништа и Волино. Во гасењето на пожарот интервенирала противпожарната единица од Охрид која заедно со месното население околу полноќ ја скротила огнената стихија.

Како што ни изјави командирот на ТППЕ Охрид, Спасе Прентоски, пожарот во струшко поле е локализиран и е под контрола. Тој се сомнева дека пожарот чија штета се проценува е подметнат, а истрагата треба да го открие евентуалниот сторител.

Помал пожар денеска избувна и во атарот на село Лескоец кој со брза интервенција на пожарникарите и локалното население веднаш бил локализиран.

Ohridnews