Во пожар изгоре црквата Христово воскресение која е дел од Австралиската епархија на Македонската православна црква. Црквата се наоѓа во Рокдеј, во Сиднеј. Во гаснењето на пожарот учествувале неколку пожарникарски возила, а тамошните медиуми јавуваат дека во акцијата се повредени двајца пожарникари. Во близина на црквата има дом за стари лица кој навреме бил евакуиран, па никој не е повреден.
Оваа црква е под јурисдикција на владиката Петар, а објектот е изнајмен. Причините за пожарот сеуште не се познати. Полицијата во Сиднеј истражува дали пожарот во црквата бил подметнат.
На крајот на јануари во пожар беше оштетен објект на црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, а причина беше неисправна електрична инсталација.
OhridNews
извор Телма