Во саботата, околу 20 часот во струшкото село Бороец, избувнал пожар во помошен објект, сопственост на Г.Ј. (40), при што објектот изгорел заедно со сеното и петте коњи кои биле во истиот.

Пожарот е изгасен од страна на екипа од Противпожарната станица во Струга.

Увид на лице место е извршен од  екипа на СВР-Охрид.

OhridNews