Ноќеска околу 22.30 часот, товарно возило со македонски таблички изгоре на автопатот „А3“, кај Кутина Хрватска, јави „Индекс“, пренесува „Макфакс“.

Возилото заедно со целиот товар потполно изгореле, а во тек е увид за причините за пожарот.

Возачот и патникот во камионот не се повредени, а материјалната штета е голема, околу половина милион евра.

Според Државната управа за заштита и спасување, на интервенција на шлеперот излегле пожарникарите од Кутина, со четири пожарникари и две противпожарни возила.

Интервенцијата е завршена во 1.20 часот.

OhridNews
извор:„Макфакс“