Голем пожар попладнево изби во полето помеѓу селото Долно Лакочереј и населбата Радојца Новиќчиќ. Пожарот зафатил поголема површина од полето, главно трска. Интервенираше екипа на професионалната противпожарна единица од Охрид од каде информираат дека состојбата е под контрола и нема опасност по населените места.

Жителите од околните куќи велат дека пожарот најверојатно е предизвикан од палење на трската и дека е среќа што огнот не ги зафатил електричните инсталации и не предизвикал поголема материјална штета.

Чадот од пожарот можеше да се забележи од градот, што предизвика мала вознемиреност помеѓу охриѓани.


Пожарот во Лакочереј се забележуваше од градот

OhridNews
фото:Емилио