РФМ на својата официјална веб – страна www.macedoniahandball.com ги истакна цените за билетите за целиот шампионат.
Блок билетот за целиот шампионат, за сите 47 мечеви во Скопје и во Охрид, чини 500 евра, а во претпродажба е сто евра помалку!
За 21 меч во „Билјанини извори“ во Охрид, плус пет од завршницата во Скопје, треба да се платат 350 (290) евра.
Сите 26 средби во скопската сала „Борис Трајковски“, која ќе биде домаќин на две групи од прелиминарната фаза, на една од групите од втората фаза и на завршницата на ЕП, ќе може да се гледаат за 400 евра, односно за 350 за билет купен во претпродажба.
Влезницата за двете полуфинални средби како и мечевите за петтото, за третото и за првото место, чини 250 (170) евра.
Влезот за малото и за големото финале ке чини 150 (100) евра.
Деветте меча од втората фаза во Скопје „вредат“ 200 (120) евра, во Охрид 200 (80), а дневната карта за три средби е 60 (45) евра.
Блок-билетот за 12. меча во групите Б и Ц од првата фаза во Охрид се продава за 150 (80) евра, а истата понуда за групите А и Д во Скопје е 150 (100).
Две кола од групите во Скопје чинат 90 (65) евра, а во Охрид 90 (50) евра.
Конечно, најевтин е дневниот тикет за две средби од една од групите во почетната фаза, чија цена е 30 евра, односно 25 во претпродажба.