За младолик изглед не е неопходно да се трошат премногу пари на неверојатни третмани и креми од егзотични состојки, обидете се со овие неколку едноставни совети.
Јадете мали, квалитетни оброци-килограмите после одредени години доаѓаат, сакале или не, па ако сакате да ги избегнете диетите, јадете помалце и квалитетно повеќе пати и ќе ја одржите линијата атрактивна.
Со мириси подобрете го расположението – парфемите се извонредни мотиватори, бидејќи кога себеси си мирисате убаво, така и ќе се чувствувате, а сите знаат дека арома-терапијата навистина функционира.
Мијте го лицето два пати – наутро е задолжително да го измиете лицето два пати за добро да го исчистите, на тој начин успешно ќе ја одржувате убавината на кожата цел живот.
Вежбајте со интерес-многу се откажуваат од вежбање бидејќи после некое време едноставно им станува досадно. Затоа, менувајте ја рутината и така успешно ќе продолжите да вежбате.
извор:metro-portal.hr