Собранието на Република Мкедонија,  ги изгласа измените на Законот за акцизите, со кои се намалува оваа посебна давачка кон државата за увозот на нови и на половни возила. Изменет е моделот за пресметка на акцизата, која ќе се врши според вредноста на возилата, а не како досега според кубикажата.

Според понудениот модел за пресметка, возилата со фактурна вредност до 3.000 евра се целосно ослободени од плаќање акциза. За сите возила до 6.000 евра фактурна вредност, акцизата е до 90 евра. Намалувањето на акцизите се движи од 50 до 600 евра, во зависност од вредноста на возилата, додека зголемување има за акцизите на околу 10 проценти од возилата, кои спаѓаат во најлуксузната категорија.

OhridNews