Пожарот што утрово избувна во Националниот парк „Галичица“ на потегот помеѓу населбите Бараки и Бејбунар, целосно е ставен под контрола, информираат од управата на паркот.

Според првичните неофицијални информации, пожарот зафатил околу 2 хектари нискостеблеста шума, во главно смрека и трева. Во гаснењето учествуваа екипи на професионалната противпожарна единица од Охрид и на Националниот парк „Галичица“. Помош понудиле и вработените од бензинската пумпа „Билјанини извори“, на што од НП „Галичица“ се заблагодаруваат.

Чадот од пожарот можеше да се забележи од голема далечина, што предизвика вознемиреност кај граѓаните. Но, место за паника нема, бидејќи пожарот е изгаснат и спречено е негово ширење кон населените места.

Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот и настанатата штета, но се претпоставува дека виновник е човекот.

OhridNews

Oбновено: Гори нискостеблеста шума над Бејбунар