Украинските служби за итни случаи соопштија дека го изгаснале пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа. Киев тврди дека руските сили гранатирале и дека се одговорни за пожарот.
Во 06:20 часот е изгаснат пожарот во зградата за обука на АЕЦ Запорожје во Енергодар. Нема жртви, соопштија украинските служби за итни случаи.
Како што претходно соопштиукраинската државна служба за вонредни состојби пожарот избувнал по интензивни борби меѓу руските и украинските сили.
Американскиот министер за енергетика Џенифер Гранхолм рече дека нема индикации за зголемено ниво на радијација во централата Запорожје, што обезбедува повеќе од една петтина од вкупната електрична енергија произведена во Украина.
Видео од централата покажа гранатирање и чад што се издига во близина на зграда во комплексот.
Имаше жестоки борби во областа на околу 550 километри југоисточно од Киев, изјави градоначалникот на блискиот град Енергодар во објава на интернет. Тој рече дека има жртви, без да даде детали.
Како резултат на континуираното непријателско гранатирање на згради и единици на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје е во пламен, објави градоначалникот Дмитро Орлов на својот канал на „Телеграм“.
Русија веќе ја зазеде нефункионалната централа во Чернобил, на околу 100 километри северно од Киев, која исфрлаше радиоактивен отпад над поголемиот дел од Европа во 1986 година по хаварија. Запорожје е поинаков и побезбеден тип, велат некои аналитичари.
По првите извештаи по инцидентот во електраната реагираа финансиските пазари во Азија, со пад на акциите и дополнително зголемување на цените на нафтата.
Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со украинскиот лидер Володимир Зеленски за ситуацијата во електраната.
Претседателот Бајден му се придружи на претседателот Зеленски во барањето Русија да ги прекине своите воени активности во областа и да им дозволи на пожарникарите и на итните служби да пристапат до локацијата, соопшти Белата куќа.
Секретарот за енергетика Гранхолм на Твитер објави дека реакторите во Запорожје се „заштитени со робусни структури “ и дека се „безбедно затворени“.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека руската армија „пука од сите страни“ врз централата.