Швајцарските пожарникари биле повикани на најверојатно најлесната интервенција во историјата на пожарникарството. Некоја стара жена повикала полиција и противпожарна служба само заради вклучениот телевизор.


Кога стигнале во нејзината куќа во Цирих не нашле ниту оган ниту чад. Наместо тоа виделе дека старицата го вклучила телевизорот на програма која емитувала мотиви од запален камин. Се изнасмеале и “пожарот” го изгаснале со далечинскиот управувач.