Дени Браун, 35-годишен млекар од Англија, отсекогаш сакал да стане пожарникар исто како и неговиот брат. Го одбиле бидејќи бил низок, по што, тој станал млекар. Во текот на утринската смена забележал дека на улицата гори караван. Истрчал до станот, повикал противпожарна единица и зел четири шишиња лимонада. Го полил огнот и успешно го згаснал.
Во караванот имало и канистри со бензин, па храбриот млекар знаел дека мора да го изгасне пожарот пред да бидат зафатени канистрите.
Изјавил дека тоа бил еден од оние миговите кога не размислувате, туку едноставно делувате. Пожарникарите го нарекле пожарникарот со лимонада но тоа не му пречело. Тврдел дека во слична ситуација би постапил исто.