Една млада швајцарка успеала да изеде хамбургер тежок 2,2 килограми за помалку од еден час. Иако има само 55 килограми, Клементина Ејенга во рекордно време го изела големиот хамбургер, кој бил рекламен специјалитет на ресторанот „Вафенплак“ во Сан Гало, кој на гостите кои ќе успеат да го изедат хамбургерот за помалку од еден час им поклонува по 100 швајцарски франци.


Од отворањето на ресторанот пред две години, ниту еден од 365 гурмани кои се обиделе, не успеал да го изеде џиновскиот хамбургер до последниот залак. Тоа меѓутоа, ниту малку не ја обесхрабрило Клементина, која има 26 години и по потекло е од Камерун. Таа без мака и за само 45 минути успеала да го изеде хамбургерот, кој покрај лајбицата и плескавиацата, содржел уште и домати, краставици, зелена салата и кечап, заедно со помфрит.