Индијката Анандита Тамули е спремна да влезе во Гинисовата книга на рекорди откако изела 51 луто пиперче за две минути. Оваа 26-годишна мајка изела 51 од официјално најлутите пиперки на светот. На целото случување присуствувал и британскиот готвач Гордон Рамсвеј кој откако пробал само едно пиперче изјавил дека тоа е премногу за него и побарал да се напие вода.


Анандита изјавила дека се чувствува ужасно затоа што на претходниот локален натрпревар успеала да изеде 60 пиперчиња. Потенцијаланата рекордерка рекла дека уште како мала обожавала да јаде луто. Она што дополнително ја шокирало публиката е и моментот кога Анандита истрила 25 пиперчиња на очите.