Завер Ратход од Индија убил отровна змија откако го каснала неговиот пријател. Се обложил со колегите дека за само две евра ќе го проголта убиеното животно, пренесуваат индиските медиуми.
Поради мачнината и повраќањето, пријателите итно го превезле во блиската болница. отровот му навлегол во крвотокот, но лекарите брзо реагирале и за среќа успеале да го спасат неговиот живот.