Веќе навикнавме на американските натпреварувања на кои учесниците мораат да изедат максимум хамбургери или хот догови за најкратко можно време, но во Русија овој вид натпреварување е сосема пониакво, би се рекло од луксузна природа, бидејќи таму се натпреваруваат во јадење кавијар. Вооружани со големи лажици, 12 учесници, избрани по пат на случаен избор, јаделе што е побрзо можно од чинија полна со рибина икра.
Како што пренеле медиумите, победникот Александар Волов, кој за една минута и 26 секунди изел половина килограм од овој ценет специјалитет, за награда добил околу 260 евра, а изел црн кавијар во вредност од речиси 4000 евра. За сопствениците на ресторант никако не може да се каже дека се скржави, бидејќи на овој промотивен настан потрошиле околу 52 илјади евра.