Американсецот Џои Честнат поставил нов рекорд во брзо јадење хот допг сендвичи. Овој калифорниски натпреварувач, познат под прекарот “Jaws”, успеал да проголта 69 кифли со виршла и така да го освои турнирот во брзо јадење кој традиционално се одржува на 4 јули, на денот на независноста на САД.
Како што пренеле медиумите, освоил награда од 10 илјади долари и шампионски појас во сенф боја. Џестнат, кој бил носител на минатогодинешниот рекорд со 62 изедени хот дог сендвичи, исто така има и други титули во брзо јадење, како топли сендвичи со сирење и пилшеки крилца. во женска категорија победила Соња Томас, попозната како „Црна вдовица“, која успеала да изде 37 хот дога.