Американецот Џои Џестнат го задржал победничкиот појас со боја на сенф, повторно победувајќи на натпревар во брзо јадење хот догови, кои, за десет минути изел 61. Честнат минатата година, на истото натпреварување кое традиционално се одржува на 4 јули не Денот на независноста, го соборил рекордот јадејќи 69 виршли во кифла.

На воторото место се нашол Мет Стони, кој успеал да изеде 59 хот догови. Во женска категорија овојпат победила Мики Судо, проголтувајќи 34 хот дога и така поразувајќи ја досегашната шампионка Соња Томас наречена „Црна вдовица“ која изела 27 цели хот догови. Честнат на натпреварот добил и посебна награда, согласност од девојката, која исто така се натпреварувала, да се омажи за него.