Американецот Џо Честнат четврти пат по ред победи на натпреварот во брзо јадење на хот догови, а овој пат до титулата стигнал откако успеал да проголта 54 хот дога за десет минути, девет повеќе од второпласираниот натпреварувач. По натпреварот изјавил дека не е задоволен од остварениот резултат поради високата температура, која во моментот на одржувањето на натпреварот изнесувала 35 степени.


Минатата година за истото време успеал да изеде 68 хот дога. Освен пехарот, добил и парична награда од 30 илјади долари. Овој традиционален натпревар се одржува во САД уште од далечната 1916 година.