Јапонецот Такеру Кобијаши успеал да изеде рекордни 337 пилешки крилца за само 30 минути, и да ја освои наградата од 20 илјади долари на натпреварот “Wing Bowl XX” кој бил одржан во Филаделфија.
Близу 20 илјади лица, од кои повеќето и самите јаделе пилешки крилца присуствувале на манифестацијата. Претходниот рекорд од 255 крилца го држел американецот Џонатан Сквиб.