За развој и помагање на туризмот, годинава Министерството за економија издвоило 25 милиони денари.

Поголемиот дел од овие средства се наменети за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет во вкупен износ од 24 милиони денари. Се субвенционира туристичкиот промет за донесен турист. Преку оваа мерка, министерството се залага да придонесе кон конкурентен домашен производ на меѓународниот пазар, ублажување на последиците од  глобалната економска криза, како и поттикнување за развој на туризмот во државата. Средствата од првиот трансфер се очекуваат да бидат  реализирани во текот на летниот период, кога ќе започне сезоната за чартер и организиран туристички промет.

Останатите еден милион денари, Министерството за економија ќе ги искористи за субвенционирање на разни туристички манифестации и форуми, бизнис форуми кои се одржуваат од страна на туристичкото стопанство, за кои немаат доволно сопствени финансиски средства и бараат поддршка или субвенционирање од владините институции, а се интересни за развојот на туризмот.

OhridNews