Француски пензионер издупил гуми на повеќе од 2000 возила кои биле непрописно паркирани, а својот поход против сопствениците уредно го бележел во дневник, јавиле локалните медиуми. Револтиран од луѓето кои повеќе не почитувале ништо, пензионерот ја спровел осветничката акција на сите автомобили кои ги затекнал на недозволени места или на оние предвидени за инвалиди во градот Вилербран.


На мета на неговите напади се нашле вкупно 2190 возила. Нивните регистарски броеви уредно ги запишувал во тетратки. Имал вкупно шест, а полека започнал да ја исполнува и седмата. Но, тогаш бил уловен од полицијата која го затекнала на дело со ножици во раката. Додека полицијата се обидува да ги контактира сопствениците, пензионерот по налог на судот ќе биде подлегнат на психијатриска проценка.