Кинезот Џин Сонгхао го соборил рекордот во капење во ледена када. Во када полна со мраз издржал полни два часа и го победил Чен Кечаи, кој во мразот издржал две минути помалку, соопштиле кинеските медиуми. Двајцата кинези се натпреварувале на планината Таинмен во покраината Хубеи.
Виталните функции цело време им биле следени од медицински екипи. На себе носеле само гаќички за капење. Со ова натпреварување и двајцата го собориле рекордот на холанѓанецот Вин Хоф кој во када со мраз успеал да издржи 115 минути. Џин и Чен веќе 20 години се занимаваат со екстремно капење и повремено меѓусебно се натпреваруваат.