Петар Колат, швајцарски нуркач го задржал здивот под вода 19 минути и 21 секунда, со што влегол во Гинисовата книга на рекорди. Рекордот го поставил во базен во швајцарскиот град Сент Гален. Изјавил дека првите 12 минути не му претставувале никаков проблем, и дека многу доцна почувствувал потреба за воздух.


Додал дека е многу горд на својот успех и се заблагодарил на публиката која го поддржувала. Претходниот светски рекорд, кој го држел италијанецот Никола Путигано бил послаб за 19 секунди. Според правилникот на Гинисовата книга, Колат пред својот обид имал право десет минути да дише само чист кислород.