Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2015 се издадени 186 одобренија за градење, што е за 10,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.880.672 денари, што е за 49% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (62.4%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (15.%) за објекти од нискоградба и 42 (22,6%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 186 објекти, во 134 (72%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 52 објекти (28%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 209 станови, со вкупна корисна површина од 20.688 метри квадратни.
OhridNews