Врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил од 18-ти јуни 2015 година, Министерството за внатрешни работи отпочна со издавање на потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија.
Во периодот од 19-ти јуни до 29-ти јуни, биле издадени потврди на 5.005 странски државјани, од кои 3.973 биле од машки пол, 597 биле од женски, а 425 биле деца кои ги придружувале носителите на потврдата.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.180, потоа Авганистан- 479, Ирак- 321, Пакистан- 250, Сомалија- 245, додека останатите се во помал број.
Заради зголемениот притисок од илегални мигранти на јужната граница кон соседна Република Грција, МВР продолжува со засилените мерки за обезбедување на граничата линија.
OhridNews