Дозволата обврзува да се намалат емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина, предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, како и обврска за рекултивација на просторот.
Секторот за урбанизам и животна средина на општина Охрид ги врши активностите околу издавањето еколошките Б дозволи и за соседната, општина Дебрца, со оглед на големината на општината и немањето потребен капацитет за оваа проблематика.
Општина Охрид до сега има издадено три Б еколошки дозволи.
До секторот за урбанизам и заштита на животната средина поднесени се уште десетина барања за добивање Б интегрирани еколошки дозволи од фирми кои законски подлежат на ваква обврска од општините Охрид и Дебрца.