На јавното наддавање што се одржа деновиве, издадени се решенија за вкупно 21 локација за поставување урбана опрема, информира Општина Охрид.
Најмногу решенија се издадени за продажба на храна и сладолед, а останатите за продажба на сувенири. – информира Општина Охрид.
Постапката е се уште во тек, а поради зголемениот интерес за поставување урбана опрема најверојатно ќе има втор оглас за преостанатите слободни локации, изјавија за OhridNews од локалната самоуправа.
Г.М.