Претседателот на Замбија Рупија Банда ги преселил мајмуните од неговата службена резиденција откако еден од нив уринирал врз него за време на една конференција за новинарите. Во резиденцијата живееле околу 200 мајмуни.


Засега на хуман начин уловиле 61 од мајмуните и ги преселиле. Претседателот добро се снашол кога се случил инцидентот и целата ситуација ја претворил во шега. Рекол дека мајмунот кој го сторил тоа ќе биде сервиран за ручек на неговиот политички противник.