Четиригодишната чивава Принцес Аби ја понела титулата најгрдо куче на светот по смртта на Мисс Ели. Во Калифорнија по 22 пат се одржал изборот за најгрдо куче на светот. Еби има деформација на рбетот и задните нозе, а левото око и е потполно затворено.
И покрај тоа, нејзината сопственичка била многу изненадена по победата. Изјавила дека таа не мисли дека нејзиното куче е многу грдо. За неа тоа било најубавото куче. За награда добила илјада американски долари. Таа го вдомила кучето пред пет години од една ветеринарна станица.