Охридскиот огранок на Новата Социјал-демократска партија на синоќешното изборно собрание избра ново раководство.

За нов претседател на НСДП во Охрид е избран Драган Пандески, дипломиран инжинер технолог, член на Советот на општината и еден од членовите на досегашното најтесно раководство на оваа партија во Охрид.

Пандески, 25 години беше вработен во Текстилниот комбинат „Отекс“, а сега работи како приватен стопанственик. Член на НСДП е од самото нејзино основање.

На изборното собрание, покрај изборот на Драган Пандески за претседател на општинската организација на НСДП, избран е и нов Извршен одбор со 16 члена, нов Надзорен одбор од 5 члена и Секретар на ОО на НСДП.

НСДП во Советот на општината, партиципира со двајца свои советници.

OhridNews