Традиционалниот годишен избор добил изненадувачки нов победник. Фаворит и оваа година бил Раскал,куче кое веќе со години води во натпреварите. Сега имал достоен противник, чија крива челуст и клемпави уши, заедно со згужваното лице му ја донеле титулата најгрдо куче.


Мешаниот боксер се вика Пабст, и неодамна бил спасен од дом за напуштени животни. Гордите сопственици на најгрдото куче на светот добиле парична награда и храна за кучето во вкупна вредност од 16 000 американски долари. Сумата и не е така голема, но славата која го чека ова куче би можела да се исплати.

Ни досегашниот победник не останал без титула, овој пат во потесна категорија. Имено, прогласен е за најгрдо куче со педигре на светот.