500 те образовни асистенти следат моментално интензивна обука за тоа како заедно со наставникот да постигнат поквалитетна настава за децата со А-типичен развој и со типичен развој, истакна денеска министерката за образование Мила Царовска.Таа истакна дека на обуките кои се наменети за образовните асистенти од обучени тренери, асистентите ќе добијат подетални насоки околу начинот на кој треба да постапуваат и околу тековните обврски што ќе бидат дел од описот на нивното работно место. Како што рече Царовска, образовната асистенција за прв пат значи интегрирање на учениците, со што ќе следат заедничка програма и очекувањата се тие да ги постигнат истите резултати, за разлика од претходно кога во образовниот процес беа вклучени лични асистенти само на едно дете со А типичен развој.
На овој начин ќе овозможиме учениците да учат едни од други оние со А типичен развој да учат од оние со типичен развој и обратно, затоа што инклузивно општество не се гради со закон, се гради во образовниот систем, изјави Царовска
Министерката потенцираше дека е значајно наставниците, асистентите и родителите се прилагодат едни на други и да соработуваат во текот на целата година.
Наставниците кои имаат образовни асистенти во својот клас заеднички ќе добиваат поддршка од МОН, но главно од ресурните центри кој согласно Законот за образование сега се трансформираат од специјални училишта во ресурсни центри и на дневна основа ќе нудат поддршка за наставниците и училиштата, истакна Царовска
Во меѓувреме, за унапредување на инклузивноста на образовниот систем, согласно новата Концепција за основно образование сите нови учебници кои ќе се изработуваат етапно во следните 5 години, а почнувајќи со оние за прво и четврто одделение чија изработка е речиси при крај, ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, односно ќе бидат печатени на Брајова азбука, како и достапни во аудио формат.
За оваа намена од државниот буџет се издвоени 59 милиони денари и дополнителни 2,5 милиони денари за набавка на опрема и дидактички средства во функција на поддршка на инклузивното образование.
ОhridNews