Кербер и Ѓоко Танески ќе учествуваат на националниот избор за „Песна за Евровизија“ кој што ќе се одржи од 18 до 20 февруари во Универзална сала во Скопје.
Поделени во две полуфинални вечери, според изборот на Советот на фестивалот „Скопје 2010“, ќе се натпреваруваат: Кербер, Горјан Стојановски, Сузана Спасовска и Дарко Нешовски, бендот на Есма, Наташа Малинкова, Викторија Апостолова, Јова Радевска, дуото „Слајд“, „Трета димензија“, „Паркети“, Верица Пандиловска, Влатко Илиевски, Наде Талеска, Кристијан Јованов, Игор Митровиќ, Ристо Апостолов – Водолија, Маја Вукиќевиќ, Даниел Стојмановски, Бојан Алексовски, Димитар Андоновски, „Памперси“, Дарко Илиевски, Влатко Лозаноски, Теодора Трајковска, Ѓоко Танески, Ангела Здравкова, „Браво бенд“ и Александар Белов.
Учество на финалната вечер ќе обезбедат осумте најдобро пласирани песни од двете полуфинални вечери (вкупно 16), а за победничката песна ќе одлучуваат гласовите добиени преку телевоутинг и од поените на жирито, во сооднос 50:50.
Победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува Македонија на „Евросонг 2010“ што ќе се одржи на 25 и 27 мај (полуфинални вечери) и 29 мај (големо финале) во Осло, Норвешка.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com