Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ се тројцата потпретседатели на Собранието на Република Македонија, кои денеска беа избрани на третата собраниска седница.

Со тоа, првпат Парламентот ќе има две жени потпретседатели, а Салиу е првата жена Албанка што ќе биде на оваа функција.

Парламентот ги верификува и мандатите на Сузана Анова и Стевче Трпковски, двајцата нови пратеници по оставките на мандатарот Никола Груевски и Горан Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Двајцата се од листата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден.

OhridNews